• Саше Љолес
Францускиот напаѓач Уго Екитике повторно е во фокусот на јавноста по одличните настапи оваа сезона, а легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, направи храбра споредба со поранешниот миленик на „Енфилд“ - Фернандо Торес.
Според Карагер, Екитике во одредени сегменти од играта покажува квалитети кои можат да го стават дури и пред славниот Шпанец. Тој ја истакна неговата подвижност, техничка подготвеност и влијанието врз играта на тимот, нагласувајќи дека Французинот не е класичен напаѓач кој зависи само од голови.
На последниот натпревар, Екитике блесна со два погодоци и одигра клучна улога во победата на својот тим, што дополнително ги засили споредбите со Торес. Иако Карагер потенцира дека е прерано за конечни заклучоци, смета дека потенцијалот на францускиот фудбалер е исклучително висок.
„Мислам дека Екитике е подобар играч од Фернандо Торес. Можеби досега не успеа да постигне толку голови, но Торес зад себе го имаше Стивен Џерард, кој за него правеше голем дел од работата. Гледаме дека Екитике не е толку зависен од Вирц. Ако продолжи во ист стил, мислам дека ќе го надмине и Торес“, изјави Карагер.
Самиот Екитике останува скромен и внимателен кога станува збор за вакви споредби, истакнувајќи дека Торес е легенда на клубот и дека неговата цел е постојано да напредува и да му помогне на тимот со добри игри.

