ВИДЕО: Капуто и Сасуoло ја продлабочија кризата на Болоња во Серија А

Екипата на Болоња продолжува со лошите резултати во последниот период и вечерва на отворањето на 12. коло на Серија А го запиша шестиот овосезонски неуспех во италијанската елита. 

Кризата на тимот предводен од Синиша Михајловиќ, кој сè уште не е на клупата заради лекување од леукемија, ја продлабочи тимот на Сасуоло, кој пред својата публика славеше сигурна и заслужена победа од 3-1.

Човек на одлука беше искусниот италијански напаѓач Капуто, кој го отвори и затвори натпреварот. 32-годишниот голгетер во 34. минута донесе предност за Сасуоло од 1-0, додека во вториот дел Бога зголеми на 2-0. Сепак, Болоња веднаш се врати во игра и преку Орсолини намали на 2-1. Сепак, Капуто со својот втор вечерашен погодок ја запечати победата на својот тим од 3-1.

Со овој пораз Болоња падна на 14. позиција на табелата во Серија А, додека Сасуоло се искачи на 11-тото место.  

  • Извештај од натпреварот: