ВИДЕО: Капуто и Кандрева ѝ донесоа прво славје на Сампдорија кај Емполи

Фудбалерите на Сампдорија победија на гостувањето на стадионот „Карло Кастелани“ во Емполи со 0-3 (0-1). Франческо Капуто погоди двапати против својот поранешен клуб, а Антонио Кандрева само ја потврди победата на својот тим. 

  • Извештај од натпреварот:

Манкузо од Емполи прв се закани на натпреварот, уште во втората минута имаше добра шанса и изнуди одбрана од Аудеро. Во 31. минута, Сампдорија успеа да стигне до предност преку Капуто. Кандрева упати добра топка во шеснаесетникот, па напаѓачот реагираше побргу од одбраната и погоди за 1-0. До полувремето и Емполи и Сампдорија имаа по уште една шанса, ама резултатски промени немаше. 

По паузата гостите од Џенова тргнаа пак со добро темпо. Капуто прво промаши една шанса, а потоа во 52. минута ја удвои предноста на Сампдорија (0-2). Емполи успеа да ја затресе мрежата на Аудеро десет минути подоцна, ама голот на Патрик Кутроне беше поништен поради офсајд по преглед на ВАР снимките. 

Откако погодокот на Емполи беше поништен, натпреварот и дефинитивно го реши Антонио Кандрева, па во 70. минута ги постави конечните 0-3. Сампдорија дојде до првата победа во четвртото коло, а Емполи го доживеја третиот пораз.

Состави

Aurelio Andreazzoli

4-4-2

    Роберто Д’Аверса

    4-4-2