• Иван Димовски
Фудбалерите на Комо и Монца одиграа нерешени 1-1 во рамките на првиот натпревар од саботната програма во Серија А.
- Извештај од натпреварот:
Средбата на „Џузепе Синигаља“ во Комо понуди по гол во двете полувремиња, домашните поведоа во првиот, а гостите се вратија со погодок од белата точка.
Резултатот го отвори Јаник Енгелхардт кој искористи одбиена топка и во 36. минута стрела за 1-0. На стартот на продолжението младиот талент Нико Паз беше невнимателен и играше со рака, а судијата по ВАР проверка покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Џанлука Капрари кој реализира во мрежата на Пепе Реина за 1-1, резултат кој се испостави како конечен.
Комо е на 18. позиција со 11 бода, додека Монца има еден помалку и е позиција подолу.