Капитенската лента на Роналдо ќе се продава за хуманитарни цели

Роналдо лента

Фрлањето на капитенската лента на „Рајко Митиќ“ од страна на Кристијано Роналдо е моментот кој ја одбележа тековната репрезентативна недела.

На излегување од теренот, незадоволен од непризнатиот погодок за победа, капитенот на Португалија гневно реагираше на судиската одлука. Еден од редарите ја зеде лентата и одлучи да ја продаде, а средствата да ги донира за хуманитарни цели.

Малиот Гаврило од Крагујевац страда од мускулна атрофија на 'рбетниот столб, а за неговото лекување потребни се дури 2.500.000 евра. Семејството нема услови самостојно да ги собере овие средства, па се обратил до јавноста за помош во надеж дека наведената сума ќе биде собрана.

Аукцијата за капитенската лента на Роналдо ќе трае три дена. Се проценува дека истата ќе достигне вредност од 25.000 евра.

Португалецот би можел да заработи суспензија за ова однесување, кое му донесе критика од пошироката фудбалска јавност, иако можеби имаше право да го направи тоа.