Капитенот Велинов останува верен на Осогово

Екипата на Осогово го задржа капитенот Стојанчо Велинов и во пролетниот дел од сезоната, откако двете страни се договорија за продолжување на соработката.

Велинов имаше понуди и од други клубови, но реши да остане верен на клубот од родниот град. Напаѓачот стави потпис на договор во времетраење од шест месеци и ќе се бори со кочанчани за опстанок во ВМФЛ-Исток.

31-годишниот Велинов дојде во Осогово во 2020 година од редовите на Охрид, а претходно настапуваше за Брегалница, Академија Пандев, Трепча, Работнички, Ренова, Силекс, Тетекс...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.