Капитенот останува уште две години, Реал завршува со важни преговори

Преговорите меѓу Серхио Рамос и Реал Мадрид за продолжување на договорот се во завршна фаза, пишуваат шпанските медиуми.

Капитенот побара неговата соработка со „кралевите“ да биде продолжена до 2023 година и сега е блиску до остварување на својата желба. Клубот ги прифати условите, па се чека само на официјализација и средување на деталите.

Неговиот актуелен договор истекува во 2021 година. Ваквиот расплет значи дека Реал нема активно да бара дефанзивец на трансфер пазарот.

Искусниот фудбалер посакува да биде во врвна форма за да биде дел од Светското првенство во 2022 година.

Наредните неколку дена овие преговори треба да завршат и да бидат потврдени во јавноста.