• Саше Љолес
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, добива нов богат договор од управата на „ѓаволите“ и ќе се задржи во клубот најмалку до 2028 година, јавуваат англиските медиуми.
Продолжувањето на соработката беше најавено уште пред два месеци, а сега тоа добива и потврда од доброупатени клупски извори. Португалскиот ас досега за Јунајтед одигра 233 натпревари, остварувајќи одличен учинок од 79 голови и 66 асистенции.
Во Манчестер пристигна од редовите на Спортинг Лисабон и веднаш се наметна како еден од главните адути во играта на тимот кој неколку сезони се мачи да се врати во врвот на англискиот фудбал.
Откако ќе го потпише новиот договор, Фернандеш ќе заработува по 300.000 фунти неделно, со што ќе се израмни на второто место по заработувачката со Маркус Рашфорд. Најплатен играч во тимот е Бразилецот Касемиро, кој неделно добива плата од 350.000 фунти.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.