• Саше Љолес
Фудбалскиот клуб Вест Хем официјално соопшти дека капитенот Џерод Боуен потпишал нов договор и покрај испаѓањето на тимот во Чемпионшип.
Иако во изминатиот период беше поврзуван со неколку премиерлигашки клубови и имаше можност да остане во елитното друштво, Боуен одлучи да остане во клубот со цел да помогне Вест Хем што побрзо да се врати во Премиер лигата.
Лондонскиот клуб по повод продолжувањето на соработката објави и видео со својот капитен, кој објасни дека за него останувањето било единствениот вистински избор.
Во изминатиот период Боуен се поврзуваше со трансфер во Њукасл, Тотенхем и уште неколку клубови, но на крајот реши да остане лојален на Вест Хем и да биде лидер во обидот за експресно враќање во англиската елита.

