• Саше Љолес
Дефанзивецот на Шефилд Јунајтед, Анел Ахмедхоџиќ, неодамна ја доби честа да биде капитен на премиерлигашот кој се мачи да ја пронајде вистинската форма и ќе има тешка битка за опстанок во елитата.
Босанскиот репрезентативец ја носеше капитенската лента на мечевите со Ливерпул и Брентфорд, но англиските медиуми веднаш забележаа дека лентата е „обична“ и ги нема боите на ЛГБТ заедницата. Ахмедхоџиќ одбил да ја носи лентата со боите на виножитото и со тоа по подолго време стана првиот капитен во Премиер лигата кој се спротивстави на кампањата за антихомофобија, која започна пред седум години.
По натпреварот со Брентфорд, тренерот на Шефилд, Крис Вилдер, изјави дека „не знае зошто Босанецот ја донел оваа одлука“, но рече дека го почитува неговиот избор и нема да прави никаква драма на оваа тема. Дел од англиските медиуми стапија во контакт со Ахмедхоџиќ и го запрашаа зошто решил да ја носи „обичната“ капитенска лента, а фудбалерот кратко им одговори „погодете зошто го сторив тоа“.