Капитенот на Селта парично казнет за бизарниот инцидент со маскотата на Еспањол

Уште еден скандал на познато фудбалско име доби своја разрешница. Поранешен капитен на Селта, Хуго Маљо доби само парична казна за сексуално злоупотребување на жена вработена во прволигашот Еспањол за време на гостувањето во Барселона во 2019 година.

Судијата му изрече парична казна од 6.000 евра, како и дополнителни 1.000 евра обесштетување на жената, која облечена во костим на папагал, ја претставувала традиционалната маскота на Еспањол. Капитенот на Селта ја допре по градите и зажали. Шпанскиот 33-годишен фудбалер, кој најнапред го негираше делото, ќе треба да ги плати и судските трошоци на постапката.

Случајот беше привремено затворен, но регионалниот суд во Барселона нареди повторно отворање на постапката во 2021 година по жалба на адвокатот на жената.

Хуго Маљо сега настапува за грчкиот клуб Арис.