Капитенот на Ривер не смее во Шпанија поради наместени натпревари

Леонардо Понзио

Покрај хендикепот што реваншот во финалето од Копа Либертадорес нема да го игра на својот „Монументал“, екипата на Ривер Плата ќе мора да патува за Шпанија без својот капитен, Леонардо Понцио.

Причината е неговата вмешаност во наместени натпревари додека го носеше дресот на Реал Сарагоза. Мечот против Леванте од 2011 година е сомнителен за шпанските надлежни органи, кои досега уапсија и осудија на две годишна казна неколку поединци.

Тоа значи дека доколку аргентинскиот фудбалер стапне на шпанско тло, ризикува да биде приведен од полицијата.

Искусниот 36-годишен играч за врска е на залезот на својата кариера, која ја започна во редовите на Њуелс Олд Бојс.