• Мартин Танасковски
Бенфика официјално потврди дека капитенот Николас Отаменди го напушта клубот по крајот на сезоната. Договорот на 38-годишниот аргентински дефанзивец истече, а од клубот со емотивна порака му се заблагодарија за сè што направи во дресот на „орлите“ од неговото пристигнување во 2020 година од Манчестер Сити.
Во соопштението, Бенфика истакна благодарност за страста, лидерството, професионализмот и посветеноста што Отаменди ги покажувал во текот на шесте сезони во клубот. Од Лисабон порачаа и дека искусниот стопер почувствувал дека неговиот циклус во клубот е завршен.
Во дресот на Бенфика, Николас Отаменди одигра вкупно 281 натпревар, постигна 18 голови и запиша 14 асистенции. Според аргентинските медиуми, светскиот шампион со Аргентина од Мундијалот во Катар веќе има договор со Ривер Плејт и кариерата ќе ја продолжи во татковината.
Во меѓувреме, се очекува наскоро клубот да го напушти и тренерот Жозе Мурињо, кој според најавите е многу блиску до враќање во Реал Мадрид.




