• Горан Упале
Стефан Ристовски освои уште еден трофеј со Динамо Загреб. Поранешниот македонски репрезентативец беше еден од столбовите во одбраната на „модрите“, а честитки за неговата феноменална сезона и новиот голем успех стигнуваат од сите страни.
Пред да го облече дресот на Динамо Загреб, 32-годишниот дефанзвиец со успеси ги бранеше боите на Спортинг Лисабон, а во еден период ја делеше соблекувалната со денешната ѕвезда и капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.
Двајцата создадоа големо пријателство, а потврда за тоа е и честитката која што Бруно му ја испрати на нашиот дефанзивец. Асот на Јунајтед на социјалните мрежи сподели фотографија на Стефан Ристовски со освоените трофеи и напиша – „Феномен“.