ФОТО: Капитенот на Јунајтед се прости од „ѓаволите“ и му се заблагодари на големиот Ферги!

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед од следната сезона ќе остане без еден од најверните фудбалери во последната деценија. Од „Олд Трафорд“ си заминува Антонио Валенсија, откако не успеа да пронајде заеднички јазик со раководството на клубот за продолжување на соработката. 

Искусниот бек остави длабока трага во Јунајтед. Беше еден од клучните фудбалери на Сер Алекс Фергусон, а својата скромност како на теренот, така и надвор од него го направи еден од најомилените на „Олд Трафорд“. 

Тој испиша историја во англискиот гигант, откако по неговото назначување за капитен на тимот, стана првиот фудбалер надвор од Европа, кој ја имал таа чест. Но, честите повреди во последните две сезони го оддалечија од првиот тим на „ѓаволите“ и по крајот на оваа сезона го завршува својот десетгодишен престој на „Театарот на соништата“. 

Утрово, Валенсија се реши со кратка порака на социјалните мрежи да се прости од својот клуб. Тој објави фотографија од „Олд Трафорд“, односно од трибината посветена на легендарниот Ферги и напиша: „Благодарам“! 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

@manchesterunited

A post shared by antoniovalencia2525 (@antoniovalencia2525) on

Во редовите на Јунајтед, еквадорскиот репрезентативец пристигна во 2009 година од Виган, а претходно настапуваше уште за Рекреативо, Виљареал и матичниот Ел Национал.