• Горан Упале
Во првото коло од групата Г на Лигата на шампионите, Манчестер Сити ја совлада Црвена Звезда со резултат 3-1 по пресврт и во натпревар каде Сити упати 37 удари кон голот на гостите од Белград.
Српскиот тим имаше сензационално водство по првите 45 минути, но во второто полувреме на своја кожа ја почувствува моќта на „граѓаните. По завршувањето на натпревароп во Манчестер свој коментар даде капитенот на Црвена звезда Александар Драговиќ, кој меѓу другото зборуваше и за првата ѕвезда на Сити, Еринг Халанд.
„Можеше да се види колку е силен, имаше шанси со глава, но нашиот голман одбрани. Тешко е да се игра против него, не ми беше првпат, добро го познавам од Бундеслигата. Тешко е да го натераш да биде лош, да не влегува во шанси деведесет минути, но вечерва не постигна гол. Иако, ќе беше подобро да дадеше гол, а ние да победевме.
Не сум задоволен од поразот, но им честитам на моите соиграчи. Штета е што примивме гол на почетокот на вториот дел. Беше убаво да се игра против Сити, можете многу да научите од нив“, изјави Драговиќ.
Без разлика на поразот фудбалерите на Црвена Звезда со кренати глави го напуштија „Итихад“, затоа што го намачија европскиот и англискиот шампион.