• Саше Љолес
Црногорецот Стеван Јоветиќ летово ја напушти екипата на Херта и оттогаш е без клуб, но регионалните медиуми пишуваат тека тој наскоро ќе се пресели во редовите на Олимпијакос.
Капитенот на црногорската репрезентација има огромно искуство од интернационалната кариера, а грчкиот гигант нема ништо против да го види кај себе во Атина. Доколку двете страни се договорат, Јоветиќ ќе потпише двегодишен договор со тимот од Пиреја и ќе биде големо засилување за тукушто започнатата сезона.
Стеван Јоветиќ последните две сезони ги мина во Херта Берлин, а претходно во кариерата настапуваше за Партизан, Фиорентина, Манчестер Сити, Интер, Севиља и Монако. За црногорската репрезентација има забележано над 70 натпревари и постигнато 31 погодок.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.