Капитенот на Челзи го оперираше коленото и заминува на подолга пауза

Капитенот на Челзи, Рис Џејмс, мораше да биде подложен на операција на коленото, откако се повреди на тренинг, соопшти лондонскиот клуб.

Од „Стемфорд Бриџ“ потврдија дека хируршкиот зафат поминал успешно, но засега не открија колку долго 26-годишниот дефанзивец ќе биде надвор од терените. Џејмс веќе ја започнал рехабилитацијата под надзор на медицинскиот тим на „сините“. 

Поради повредата, капитенот го пропушти саботниот натпревар против Борнмут, на кој лондончани славеа со убедливи 5-1 во Премиер лигата.

Повредите се сериозен проблем за Џејмс во последните сезони, па неговото ново отсуство е дополнителен удар за тимот. Челзи во пресрет на гостувањето кај Евертон се наоѓа на шестото место на табелата, а останува неизвесно кога тренерот Алонсо повторно ќе може да смета на својот капитен.