Капитенот на Брегалница оствари трансфер во Данска

Уште една голема македонска фудбалска надеж, досегашниот капитен на Брегалница, Иван Николов својата кариера ја продолжува на интернационалната сцена откако штипскиот клуб реализираше договор за негов трансфер во данскиот клуб Сондерјиске.

21-годишниот член и на младата репрезентација на Македонија продолжува со надградбата на својата кариера овој пат во шампионатот на Данска. 

„Брегалница искрено му благодари на Иван Николов за целокупниот досегашен придонес за сините бои низ годината во која повеќе од успешно го носеше дресот на клубот, посакувајќи му среќа во новиот клуб и уште поголеми успеси во иднина на европската сцена“, велат челниците на Брегалница.

Во Сондерјиске веќе настапува еден македонски фудбалер, тоа е Сефер Емини, поранешен член на Македонија ЃП.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.