Капитенот на Арсенал надвор од терените минимум три седмици

Главоболки по репрезентативната пауза ќе има тренерот на Арсенал, Микел Артета, а причината за такво нешто е повредата на капитенот Мартин Одегард

Норвежанецот заработи повреда во победата на неговата селекција против Австрија. Одегард незгодно ја свитка ногата, а се предвидуваше дека може да паузира повеќе од еден месец, што ќе беше сериозен удар за „топџиите“. Според првичните прегледи од страна на докторот на норвешката репрезентација, офанзивецот ќе отсуствува најмалку три седмици. 

„Ваквите повреди ги оддалечуваат играчите од терените минимум три седмици. Сè останато е бонус. Одегард ќе направи магнетна резонанца, но делува дека нема скршеница“, соопштија од лекарскиот тим.

За следниот натпревар Артета ќе има проблеми, бидејќи освен Одегард ќе ги нема Рајс поради суспензија, а повредени се Калафиори, Мерино и Томијасу. 

Состави

Staale Solbakken

4-3-3

    Ралф Рангник

    4-3-3