• Мартин Танасковски

Екипата на Беласица игра во Втората лига на Македонија, а капитенот кој долги години е дел од клубот, Александар Милушев, го сместува своето име меѓу легендите.
38-годишниот струмичанец кој настапува во дефанзивната линија прослави голем јубилеј. Милушев го одигра 250. натпревар за струмичката фудбалска гордост и влезе во одбрано друштво.
Левиот бек е дел од Беласица од 2018 година, кога во Македонија се врати по краток престој во Швајцарија. Во кариерата Милушев настапуваше и за Хоризонт Турново, Металург и Работнички.

