ВИДЕО: Капитенот Ибраими ја казнува аматерската грешка на Беса

На екипата на Шкендија не ѝ требаше многу за да дојде до рано двојно водство на натпреварот против Беса 1976 во ПМФЛ

Тетовчани поведоа со 1-0 уште во 14. минута преку Флорент Рамадани, а потоа гостите направија една кардинална грешка која ги чинеше втор погодок во нивната мрежа. Самаке сакаше да проигра со своите дефанзивци, но не го виде капитенот Бесарт Ибраими, кој немаше никаков проблем да ја смести топката во голот на Захов. 

Шкендија е во добар налет пред своите гледачи, кои очекуваат победа на нивните миленици. Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ стигна до својот седми гол сезонава.