• Сашо Поповски

Битолски Пелистер ја гради екипата со која наредната сезона ќе атакува на највисок пласман во Втората македонска фудбалска лига.
„Зелените“ во изминатиот период претставија неколку нови имиња, а потпишаа и договори со актуелни членови на екипата. Еден од нив е Христијан Драгарски кој одлучи и наредната сезона да игра во матичниот клуб.
Капитенот на битолчани е столб во одбраната и важен играч за тимот. Пелистерци претходно договорија неколку младинци за претстојната сезона.