Капитенот Хендерсон заврши со Ајакс, на повидок „кам-бек“ во Премиер лигата!

Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон официјално го напушти холандскиот гигант Ајакс, со кој пронајде заеднички јазик за раскин на договорот. 

35-годишниот Хендерсон имаше важечка соработка до следното лето, но сега заминува од најславниот холандски клуб и најверојатно ќе се врати во родната Англија. 

За неговите услуги е заинтересиран повратникот во Премиер лигата, Сандерленд, клуб каде Хендерсон впрочем и ја започна својата фудбалска кариера. Претходно настапуваше за саудискиот Ал-Етифак, а најголем печат остави како играч на Ливерпул, за кој одигра 360 лигашки натпревари. 

Хендерсон е и поранешен репрезентативец на Англија. Во дресот на „трите лава“ впиша вкупно 84 настапи и постигна три голови. 

ФОТО/PHOTO: AFC Ajax/Facebook