Капитенката Јована Павловска потпиша за полска Легија!

Македонската фудбалска репрезентативка до 19 години и капитен на националниот тим, Јована Павловска, ќе тргне во првиот странски предизвик затоа што потпиша договор со звучен колектив од Полска.

18-годишната битолчанка која настапува на повеќе позиции во одбраната и во средниот ред е нова членка на полскиот клуб Легија. Дамите на овој колектив се наоѓаат во вториот ранг на полскиот фудбал и во моментов се наоѓаат на шестата позиција.

Павловска, која претходно со само 15 години беше повикана меѓу сениорките на Македонија и се смета за голем талент, во изминатите месеци настапуваше за АС Јунајтед, претходно беше дел и од ЖФК Тиверија Брера, ЖФК Цевитана, а со фудбалот започна во ЖФК Атлетико.