Капинковски: Имавме позитивни моменти, процесот на развој на оваа селекција продолжува

Месец март беше месец на активностите на нашите репрезентации, а селекцијата до 17 години имаше позитивно искуство на квалификациониот турнир во Шкотска. Иако не се квалификуваа во следниот круг, нашите момци одиграа одличен турнир и собраа многу симпатии.

Селекторот Димитар Капинковски го анализираше сработеното во претходниот период. 

„Минуваме процес на селекција и екипирање. Од првиот камп во Струмица, двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина во Скопје и турнирот од квалификациите во Шкотска имаме позитивни моменти. Напорно работиме и ќе продолжиме во ист стил за да го продолжиме развојот, бидејќи оваа генерација е сервис за повозрасните категории. Ги следиме сите наши фудбалери и верувам дека ќе пронајдеме уште повеќе квалитетни фудбалери со репрезентативна перспектива“, реча Капинковски.

Доколку имаа малку повеќе среќа и посоодветно судење нашите репрезентативци до 17 години можеа и подобро да минат на квалификациите во Шкотска.