Капинковски и Мишов ја спасија Самтредиа од испаѓање во Грузија

Македонскиот тренер Димитар Капинковски и напаѓачот Александар Мишов ја исполнија целта и ја спасија грузиска Самтредиа од испаѓање во понизок ранг.

Самтредиа се најде во баражот, а таму успеа да го елиминира Гареји Сагарејо. Клучен за тимот на Капинковски беше првиот натпревар кој неговата екипа го доби со 4-1. Така, поразот од 1-3 во вториот меч се покажа како безболен.

Александар Мишов ја заврши сезоната со осум гола и две асистенции во лигашкиот дел, а погоди уште еднаш во баражот, во првата средба.