Капело: Заниоло има квалитет да освои „Златна топка“

Јувентус го посакува играчот од средниот ред на Рома, Николo Заниолo, пренесува „Тутоспорт“. Младиот Заниела го следат и Ливерпул и Тотенхем, кои веќе понудија 50 милиони евра.

Огромниот интерес за 21-годишниот играч на „волчицата“, кој оваа сезона постигна шест гола и имаше две асистенции, се очекува да биде уште поголем.

„Не гледам подобар играч во перспектива од Заниоло. Тој е талент со неверојатни физички предиспозиции, фантастична сила и брзина. Ме потсетува на Кака, но Бразилецот не беше толку силен и неверојатен во последната третина од теренот. Одушевен сум од вештината и талентот на Заниоло и мислам дека тој е првиот кандидат за „Златната топка“ за млади играчи“, изјави Фабио Капело.

Заниоло е производ на школата на Интер, но брзо беше трампа како дел од трансферот на Наинголан.