Капело: Роналдо не издриблал никого три години, јас би го опоменал

Замената на Маурицио Сари и повлекувањето на Кристијано Роналдо уште во 55. минута крена поголема прашина од самиот дуел на гигантите Јувентус и Милан. Токму замената на Кристијано, Пауло Дибала го постигна единствениот гол на натпреварот и тоа во самиот финиш на натпреварот. 

Поранешниот тренер на Јуве и човекот кој освоил девет скудета во кариерата, Фабио Капело упати тешки зборови на осуда за некоректната реакција на Роналдо по замената. 

>>> ФОТО: Роналдо се налути – Сари го замени, тој избега во соблекувална!

„Ќе ви ја кажам вистината - Кристијано не може да издрибла противнички фудбалер веќе три години. Дибала и Даглас Коста се способни и тоа го прават, но Кристијано веќе не може. Ако го споредам со Роналдо од Шпанија, тој беше убитачен. Во казнениот простор уште знае да го казни противникот. 

Тоа што го направи кога излезе не беше убаво. Шампионот треба да се биде и кога ќе ве заменат. Ти си шампион и треба да ги почитуваш соиграчите. Тоа што не остана на клупата и што упати лоши зборови кон Сари е за секоја критика. Јас би го опоменал за однесувањето уште во соблекувалната“, рече Капело за италијанската дигитална платформа „Скај спортс“. 

Јуве и натаму е непоразен, има бод повеќе од Интер и покрај лошата форма во последниот месец, ги остварува зацртаните цели со новиот тренер.