Капело: Гвардиола е одличен тренер, но е непотребно дрзок и арогантен

Легендарниот фудбалски тренер, Фабио Капело, упати критики за својот помлад колега Пеп Гвардиола, за кој рече дека е одличен стратег, но во исто време многу арогантен и непотребно дрзок. 

Изјавата на Капело доаѓа по неодамнешните реакции на Гвардиола кон новинарите, на моменти го губеше трпението и за малку ќе влезеше во физички дуел со еден навивач на Ливерпул. 

„Гвардиола е одличен тренер, нема збор за тоа. Проблемот е што е многу арогантен и на моменти непотребно дрзок. На моменти имам впечаток дека тој сака да освои трофеј повеќе од неговите играчи, изгледа како сака некому да докаже нешто. 

Во моментов Сити не ги бележи посакуваните резултати, а тој наместо да биде горд и цврсто да го води тимот, се однесува како тинејџер кој има проблем да го контролира карактерот. Знам дека дел од играчите го разочараа сезонава, но тоа не значи дека треба така да се однесува“, смета Капело. 

Манчестер Сити загуби со 2-0 од Јувентус во Лигата на шампионите и драстично си ги намали шансите за прогрес во следната фаза, иако се вбројуваше меѓу главните фаворити за трофејот во елитното натпреварување.  

Состави

Тиаго Мота

4-2-3-1

    Пеп Гвардиола

    4-3-3