Канте одби 32.000.000 евра од Арапите, сака само во еден клуб!

Н’Голо Канте е еден од оние фудбалери чие влијание не се мери со спектакуларни дриблинзи или атрактивни потези, туку со трофеи. Тивкиот мотор од средниот ред со години е симбол на победнички менталитет, а неговиот придонес во историската титула на Лестер Сити во Премиер лигата останува немерлив. Истото важи и за сезоната подоцна, кога беше клучна фигура во шампионскиот поход на Челзи, како и за титулата што ја освои и во Саудиска Арабија.

Токму затоа Ал Итихад сакаше да го задржи францускиот репрезентативец. И покрај тоа што во март ќе наполни 35 години, клубот му понуди нов двегодишен договор вреден 28 милиони евра нето, со дополнителни четири милиони преку бонуси. Сепак, понудата од 32.000.000 евра не била доволна.

Според информациите на турскиот новинар Јагиз Сабунчоглу, еден од најдоверливите извори кога станува збор за трансфери, Канте веќе ги договорил личните услови со Фенербахче и ја прифатил идејата за преселба во Истанбул. Договорот со Ал Итихад, сепак, истекува дури на лето, што значи дека турскиот великан сега треба да постигне договор со саудискиот клуб.

Желбата на Фенербахче е јасна, Канте да пристигне веднаш и да биде клучното засилување во трката за шампионската титула, која клубот ја чека предолго. Во Истанбул веруваат дека токму играч од негов профил може да ја направи разликата во решавачките моменти на сезоната.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.