Канте е најголемата летна желба на ПСЖ

Играчот за врска и еден од најголемите борци во денешниот фудбал Н'Голо Канте е посакуван од екипата на ПСЖ.

Фокусот на францускиот шампион е насочен кон членот на Челзи кој би требало да ја донесе потребната стабилност во средниот ред. Проблемот ќе биде што тимот од Лондон нема да сака да се ослободи од уште еден важен играч, особено не ако замине Еден Азар.

28-годишникот, кој стана светски првак со Франција минатото лето, пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2016 година, по освојувањето на историската титула со Лестер Сити.

Сепак, неговата улога беше променета со доаѓањето на Маурицио Сари кој повеќе шанса му даваше на Жоржињо.

Идрис Гуеје од Евертон е резервната опција за „принцевите“ доколку пропаднат преговорите за Канте.