Канга го засили Динамо Загреб, ќе заработува од секој гол и асистенција!

Вилфред Канга е нов играч на Динамо Загреб, објави хрватскиот шампион на својата официјална веб-страница. Тој потпиша повеќегодишен договор, а во Хрватска пристигна од редовите на Херта Берлин, но есенскиот дел од тековната сезона го мина на позајмица во Кардиф Сити.

Динамо ќе ѝ исплати на Херта нешто помалку од два милиони евра обештетување со бонуси, а Канга би требало да добива плата од околу 700.000 евра годишно. Кога ќе се соберат сите ставки (надоместоци, бонуси и плата), вкупната вредност на зделката би можела да биде околу четири милиони евра.

Сепак, договорот на Канга нема да вклучува само бонуси за тимски успеси (како освојување на шампионатот или пласман во Лигата на шампионите), туку и индивидуални бонуси. Така Канга за секој гол ќе добива по три илјади евра, а за асистенција половина повеќе.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.