ВИДЕО: Кандрева ја реши Албанија, Шпанија победи со евро-гол на Иљараменди

Репрезентациите на Италија и Шпанија со победи го завршија циклусот за Светското првенство (СП) кое во 2018 година ќе се игра во Русија.

„Фуријата“ на гостински терен кај Израел успеа да слави со 0-1 (0-0), иако имаше шанси да даде повеќе голови во противничката мрежа. Единствениот погодок во мрежата на домаќинот го постигна Асиер Иљараменди, кој погоди во 76. минута откако ефектно шутираше од дваесетина метри.

Италија, пак, во Албанија славеше со 0-1 (0-0), исто така со гол постигнат во второто полувреме. Трите бода на контото на „аѕурите“ ги донесе фудбалерот на Интер, Антонио Кандрева, во 73. минута, по асистенција на Леонардо Спинацола.

Шпанија оди на СП како првопласирана со девет победи и едно реми, додека Италија ќе го бара својот пласман на Мундијалот преку баражот, кој ќе се игра во ноември.