Кандидат за наградата „Пушкаш“: Соиграч на Чурлинов даде луд гол со „ножички“! (ВИДЕО)

Полска Јагелонија оствари голема предност од три гола против белгискиот Серкл Бриж во првиот осминафинален натпревар од Конференциската лига. Екпипата на Чурлинов славеше на домашен терен со убедливи 3-0.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 59. минута, кога гостите останаа со играч помалку по вториот жолт картон на Абу Францис. Потоа следеа три гола на полскиот тим. Афимико Пулулу постигна два, а Тарас Романчук еден погодок.

Најдобриот момент на вечерта се случи во 78. минута, кога Пулулу го постигна својот втор гол. По неколку скока во шеснаесетникот на гостите, топката стигна до напаѓачот на Јагелонија, кој реши да се обиде со удар со „ножички“ и мајсторски погоди за потврда на победата на својот тим.

Jagiellonia Białystok 3-0 Cercle Brugge - Afimico Pululu bicycle kick / great goal 78'
byu/4gjdtokurwa insoccer

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, одигра скоро еден час и беше позитивен, каки и целиот домашен тим.