• Мартин Танасковски

На прес-конференцијата говореше и португалскиот фудбалер Даниел Кандејаш. Крилото на Ренџерс беше краток и истакна дека желбата е да се мине македонскиот ривал и шкотскиот тим да оди во второто коло на Лига Европа.
„Утре не очекува важен натпревар за нас против екипата на Шкупи. Знаеме што очекуваме и веќе имаме план за оваа средба. Нашите очекувања се само да победиме во Скопје. Тоа е нашата цел, размислуваме само за пласман во наредната рунда“, изјави Кандејаш.
Шкотскиот гигант во ланското издание на Лигата на Европа разочара со елиминација уште во првото коло, од аутсјадерот Прогрес од Луксембург. Реваншот меѓу Шкупи и Ренџерс се игра во вторник, од 17:55 часот на „Филип Втори“ Арената во Скопје. Влезниците се веќе во продажба и чинат од 100 до 1.000 денари.