• Саше Љолес
Фабио Канаваро на неславен начин ја заврши својата етапа како тренер на Динамо Загреб и доби отказ од „модрите“ после серијата непосакувани резултати во клучниот дел од сезоната.
Италијанскиот стратег конечно проговори на оваа тема и во зборуваше со „Газета Дело Спорт“, за која рече дека загрепскиот клуб ја има најлошата управа во последните две децении.
„Остана горчина што не успеав целосно да ја завршам работата со мојот стручен штаб. Екипата беше солидна и имавме големи амбиции, но оваа управа на Динамо е веројатно најлоша во последните дваесет години.
Требаше да заминам кога беше отпуштен Марко Мариќ, човекот кој ме донесе во Загреб, па уште тогаш почувствував дека јас можам да бидам следниот.
Штета што не го дочекав Звонимир Бобан, со него сигурно ќе имав многу поголемо разбирање. Управата посегна и по мојот професионализам, но ова не ме обесхрабрува. И натаму ќе работам како тренер“, изјави Канаваро.
По заминувањето на Канаваро, Динамо го презеде Сандро Перковиќ, кој успеа да го препороди тимот кој сега е на само бод заостанување зад водечката Ријека.