Канатларовски и Ловќен со нова победа грабат кон опстанокот

Некогашниот селектор и тренер на неколку македонски прволигаши, Драган Канатларовски со црногорскиот Ловќен четврт меч во низа не знае за пораз и на прагот е од безизлезна ситуација да обезбеди опстанок во Првата црногорска лига.

Ловќен попладнево го победи Бокељ со 2-0 (2-0) и ја прослави третата победа на последените четири натпревари. Головите на домашната екипа ги постигнаа Гемистос и Монтенегро. 

Ловќен сега има 18 бода по 21 натпревар и се искачи на десеттата позиција. Ако пред да дојде Канатларовски, опстанокот беше невозможна мисија, сега е реалност и Ловќен како екипа во одлична форма оваа пролет може секого да победи.