Канатларовски го објави списокот на играчи за дуелите со Молдавија и Грузија

Предводникот на репрезентацијата на Македонија до 21 година Драги Канатларовски го соопшти списокот на фудбалери за натпреварите од октомврискиот циклус против Молдавија и Грузија. 

Меѓу повиканите се најдоа 24 фудбалери од страна на предводникот Канатларовски.

  • Список на повикани фудбалери за Македонија У21:

Голмани
Марко Алчевски (Хапоел Јерусалим, Израел), Андреј Јовчевски (Пелистер), Љупче Џеков (Силекс)

Одбрана
Стефан Деспотовски (Шериф Тираспол, Молдавија), Решат Рамадани (Шкендија), Имран Фетаи (Беса), Малик Хамзиќ (Гостивар), Ерен Алиевски (Трелеборг, Шведска), Ерион Алији (Хорн, Австрија), Ѓорѓе Џеков (Силекс)

Среден ред
Иван Николов (Сондеријске, Данска), Алекс Златков (Шкупи), Хамза Рамани (Шкупи), Беким Камбери (Струга Трим Љум), Димитар Тодоровски (Работнички), Фисник Исаки (Ф.К.Б.93, Данска), Бехар Фета (Домжале, Словенија), Бесар Гуџуфи (Шкупи), Лука Станковски (Раднички, Србија), Матеј Ангелов (Черкаси, Украина), Ване Крстевски (Шкендија)

Напад
Михаил Талевски (Пелистер), Фитон Адеми (Шкендија), Филип Трпчевски

Македонија двапати ќе гостува во октомври, на 11 октомври. кај Молдавија, а на 15 окто,ври во Грузија.