• Горан Упале
Репрезентацијата на Македонија до 21 година повторно е заедно и го означи почетокот на подготовките за претстојните контролни натпревари против Ерменија и Малта во Скопје. Веднаш по собирот, селекторот Драги Канатларовски ги построи своите пулени и ги подели првите совети во пресрет на двата теста.
Младата репрезентација на Македонија на 15 јуни, со почеток во 17:00 часот ќе ја одигра првата контролна средба против соодветната селекција на Ерменија. Пет дена подоцна на програмата е вториот контролен дуел, во истото време (17:00 часот) против репрезентацијата на Малта. Двата натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година, на осми септември против Шведска ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.