Канатларовски: Генерацијата предводена од Пандев го осветли образот на нацијата...

Цапар

Поранешниот македонски селектор Драган Канатларовски во разговор со „Курир“ зборуваше за успесите кои ги постигнува нашата репрезентација во изминатите неколку години.

60-годишникот смета дека пласманот на Европското првенство е сосема заслужен за оваа генерацијата фудбалери предводени од Игор Ангеловски.

„Оваа генерација предводена од Горан Пандев го осветли образот на нацијата и ни донесе многу радост на сите. Секако, помогна и новиот систем во Лигата на нациите, се покажа дека тие се најдобри меѓу еднаквите на себе. Во секој случај, мислам дека тие заслужија да бидат дел од голем настан. Едвај чекаме на почетокот на Европското првенство и верувам дека момците се способни да ни подготват уште многу пријатни изненадувања. 'Рбетот на тимот се состои од играчи кои играа против Србија на Европското првенство за млади репрезентации пред четири години. Барди, Елмас, Велковски, Муслиу, Николов... сега се подготвени да ја преземат главната улога во А-тимот. Пандев е посебна приказна, тој игра како млад човек и навистина е феномен на европскиот фудбал. Како виното, колку е постаро, толку подобро. Играчите го почитуваат, а тој испраќа јасна порака со своите игри и пристап додека се бори за боите на националниот тим. Секој дел од него.

Сепак, мора да го пофалам и раководството на Федерација, целиот Управен одбор предводен од претседателот Сејдини. Тоа се луѓе од сенка кои се грижат за секоја ситница и се обидуваат да обезбедат најдобри избори за најдобри услови за работа за репрезентативните селекции“, изјави битолчанецот.

Македонија станува противник за почит за секоја репрезентација. Последен кој настрада од формата на македонските фудбалери е репрезентацијата на Германија, која беше надиграна и победена во Дуизбург.