Канатларовски е хит во Црна Гора, пак победи со Ловќен

Драган Канатларовски, македонскиот селектор кој ја води екипата на Ловќен од Црна Гора, забележа нова победа во првенството и оди кон опстанокот во фудбалската елита.

Ловќен како гостин славеше минимално кај Бокељ (0-1), а погодокот вреден три бода го постигна Дуровиќ од пенал во 31. минута од натпреварот.

Канатларовски и Ловќен сега имаат три победи во низа и се наоѓаат на 10. место на табелата во црногорската Прва лига. Во наредното коло тимот на битолчанецот се соочува со Искра.