ВИДЕО: „Канаринците“ пред портите на Чемпионшип, Брајтон минимално го реши Норич 

Екипата на Норич сè поизвесно е дела експресно ќе се врати во Чемпионшип. „Канаринците“ како да веруваа во својот ростар и по влегувањето во Премиер лигата, минатото лето, се решија да не трошат многу пари за нови засилувања, па тоа на еден начин им се врати како бумеранг, затоа што од следната сезона повторно ќе бидат дел од второлигашкото друштво во Англија. 

Норич, иако играше отворен и допадлив фудбал против секој противник оваа сезона, таквата филозофија на германскиот стратег Даниел Фарк не донесе резултат, па не дури и на свој терен против тимот на Брајтон. 

Во денешниот прв натпревар од 33. коло на Премиер лигата, Норич повторно ќе го искористи домашниот терен и го запиша петтиот пораз во низа. Славенички од „Кероу Роуд“ си замина тимот на Брајтон, кој извојува победа од 0-1 и драстично ги зголеми шансите за останувањето во Премиер лигата. 

  • Голот на Тросард против Норич: 

Човек на одлука беше белгискиот офанзивец Леандро Тросард, кој по една одлична тимска акција ја смести топката зад грбот на искусниот Крул и го постави конечниот резултат. Во следното коло Норич шанса за поправен испит ќе има на гости кај Вотфорд, додека Брајтон го чека дуел со новиот шампион Ливерпул.