Каналес по трет пат ги скина лигаментите на истото колено?

Серхио Каналес на натпреварот со Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Серхио Каналес, ризикува да го пропушти остатокот од сезоната, ако се потврдат стравовите дека внатрешните лигаментите на коленото се скинати во натпреварот против Реал Мадрид во средата. Каналес го напушти натпреварот против својот бивш клуб со солзи во очите на крајот на првото полувреме.

Ако мора да оди на операција, тоа ќе биде трет пат Каналес да го оперира истото колено.

Шпанскиот офанзивен фудбалер од средниот ред оваа сезона за екипата од Баскија одигра 18 натпревари и даде по еден гол во сите натпреварувања.