Канадски репрезентативец од Премиер лигата е ново засилување за Црвена Звезда

Регионалните медиуми ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Нотингем Форест, Ричи Лариa, е пред потпис со белградскиот гигант, Црвена Звезда

Српските медиуми ја потврдува информацијата од релевантен извор и вели дека десниот бек ќе пристигне во Црвена Звезда следниве денови. Лариа е под договор со „шумарите“ од англиската Премиер лига, но првиот дел од сезоната го мина на позајмица во Ванкувер од МЛС лигата. Се работи за играч за огромно искуство, кој воедно е и канадски репрезентативец со над 50 настапи во сите конкуренции. 

Се очекува да биде огромно засилување за „црвено-белите“ во продолжението од сезоната. Црвена Звезда ќе води тешка битка за титулата со најголемиот ривал, Партизан. „Црвено-белите“ имаат еден бод заостанување пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.