Канада со Френк Лампард на Мундијалот во 2026 година?

Британскиот „Телеграф“ пишува дека Френк Лампард е многу близу до нов и сериозен ангажман во тренерската кариера. Младиот стратег добил понуда за селекторското столче во репрезентацијата на Канада, а неговиот одговор се очекува до крајот на следната недела. 

Лампард остана без работа откако доби отказ во Челзи, но сега би можел за првпат да добие сериозен предизвик на интернационално ниво. Доколку потпише договор со Канадската фудбалска федерација, Англичанецот би требало да биде селектор до истекот на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи токму во Канада, САД и Мексико. 

45-годишниот Френк Лампард ја започна тренерската кариера во Дерби Каунти, а потоа беше предвоник на Челзи и Евертон.