ВИДЕО: Канада ја „здроби“ Куба и се пласира во четвртфиналето на Голд Купот

Канада

Репрезентацијата на Канада одигра ефикасен натпревар против Куба во третото коло од група А и се пласира во четвртфиналето на Голд Купот.

Канадските репрезентативци победија со 7-0, во меч на кој блеснаа Џонатан Дејвид и Лукас Каваљини. Тие постигнаа по три гола, а Каваљини дури и промаши удар од белата точка. Џуниор Хојлет се погрижи за седмиот погодок кој целосно ја расипа вечерта на кубанските фудбалери.

  • Извештај од натпреварот: 

Во вториот меч од оваа група, Мексико очекувано го надигра Мартиник (2-3). Еден од фаворитите за титулата стигна до третата победа во групната фаза и со максимален ефект обезбеди место во следната фаза. 

  • Извештај од натпреварот: 

Антуна, Хименез и Наваро стрелаа за Мексиканците, а за противникот во листата на стрелци се запишаа Паисеман и Делем.