ВИДЕО: Канада и со шест бода минус до четвртфинале во Париз!

Фудбалерките на Канада и покрај тоа што беа казнети со шест бода минус поради шпионажа, се пласираа во четвртфиналето на Олимписките игри. Во третото коло оваа селекција славеше минимално против Колубија со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Жил во 61. минута со кој го обезбеди второто место во групата. И покрај поразот Колумбијките ќе одат понатаму преку табелата на третопласирани. 

Очекуван триумф од 1-2 забележа домашната репрезентација на Франција против Нов Зеланд. Со овие бодови Французинките го задржаа првото место во пресрет на плеј-офот. 

  • Нов Зеланд - Франција 1-2:

Првото место во групата Б го потврдија фудбалерките на Соединетите Американски Држави со трета победа, над Австралија со 1-2. 

  • Австралија - САД 1-2:

Втората позиција во оваа конкуренција ја обезбеди Германија со сигурен триумф над Замбија од 1-4. 

  • Замбија - Германија 1-4: