ВИДЕО: Канада го доби дербито со САД и се одлепи на врвот во групата

Фудбалската репрезентација на Канада го совлада главниот ривал во квалификациската група на патот кон Мундијалот, селекцијата на САД со 2-0 на „Тим Хортонс Филд“ во Хамилтон. 

Канаѓаните поведоа практично од првата шанса на натпреварот. Дејвид упати топка низ одбраната до Кајл Ларин, а напаѓачот на Бешикташ без размислување шутна и го отвори резултатот во седмата минута (1-0). 

Американците по примениот гол тргнаа да напаѓаат, шансите пред голот на Милан Борјан се редеа, но Ричард, МекКени и Аронсон не успеаја да погодат. Во продолжението за Канаѓаните се закани напаѓачкото дуо Џонатан Дејвид-Кајл Ларин, ама голманот Мет Тарнер ги спречи нивните обиди. Во самата завршница Сем Адекугбе ја удвои предноста и го постави конечниот резултат (2-0). 

По оваа победа Канада се одлепи на врвот на групната фаза и сега има 22 бода, додека САД остана со 18 на четири кола пред крајот на квалификациите за Мундијалот. Јасно е дека двете селекции ќе патуваат во Катар директно, а Канаѓаните направија исчекор во битката за врвот.