ВИДЕО: „Камп Ноу“ му се поклони – генијална пета на Суарез против Мајорка! 

Екипата на Барселона е пред нова убедлива победа во шпанската Примера, откако во натпреварот против Мајорка уште по првите 45. минути имаат сигурно водство од 4-1.

Ако Гризман и Меси ја загреаја атмосферата на „Камп Ноу“, уругвајскиот голгетер Луис Суарез донесе невидена еуфорија, откако даде ретко виден гол на фудбалските терени. Во самиот финиш од првиот дел „деветката“ на Барса даде неверојатен пол со пета, кој е вистинска реткост на фудбалските терени. 

  • Голот на Суарез против Мајорка:

Резултатот во Каталонија го отвори Гризман со прекрасен гол, а потоа на сцена стапи Меси со два гола. За гостите погоди Будимир за 2-1.